Владата официјално прифати: Европа ќе биде во Скопје, а Македонија ќе биде во Брисел

Ковачевски на 19 јули во Брисел ќе ја потпише Преговарачката рамка во француско-бугарско пакување

– Владата ги разгледа заклучоците усвоени во Собранието и врз основа на нив донесе одлука да го одобри предлогот на Француското претседателство од 30 јуни. Со одлуката го отпочнуваме процесот на пристапни преговори со ЕУ и заокружуваме уште еден историски чекор за нашата земја, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција по вонредната седница на Владата. Тој рече дека се отвора процес за остварување на втората стратегиска цел по онаа со зачленувањето во НАТО, а тоа е членство во ЕУ.

– Цената на тие заклучоци е заштита на македонскиот јазик. Преговарачката рамка денеска ја имаме пред нас, во нив јасно е наведен македонскиот јазик без никакви фусноти. Денеска имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања се надвор од истата, а ние сме на чекор од првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ. Денес отвораме нова можност за државата и за просперитет на граѓаните. Многу скоро во ЕУ официјално ќе се слушне нашиот македонски јазик, рече Ковачевски.

Потврди дека на 19 јули во Брисел ќе отпочне политичкиот процес на преговори со ЕУ.

Воедно oстро ја нападна македонската опозиција која „урлаше“ и која рече, покажа дека не се грижи за државните интереси, туку за „бели дворци и слично“.

– Дојде време да се приклучиме кон европското семејство и да се слушне македонскиот јазик. Ние во Собранието зборевме за иднина и да се заборави минатото. Опозицијата продаваше лажен патриотизам. Свиреше и урлаше низ Собрание. Во следните денови и недели ќе пристапиме кон реализација и почеток на преговорите со ЕУ и тоа после цели 17 години. Сакам да ја најавам првата меѓувладина седница, која ќе се одржи на 19 јули. Европа ќе биде во Скопје, а Македонија ќе биде во Брисел. Со вас, за вас и во име на нашите предци, за денешните и идните генерации од ова ќе излеземе победници, истакна Ковачевски.

Имаме цврста коалиција која ќе опстои до редовните парламентарни избори

Коалицијата е цврста и таа ќе опстои до редовните парламентарни избори во 2024 година, ка премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на членовите на коалицијата, според Ковачевски секој има право да го изрази своето слободно уверување по однос на секоја точка која се предлага во коалицијата.

Во однос на заверените изјави на нотар на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да прифатат промена на Уставот, Ковачевски рече дека оваа партија треба да објасни зошто се против внесувањето во Уставот на граѓаните на Македонија кои јасно се самоопределиле како Црногорци, како Хрвати, како Бугари, како Еѓипќани.

– Зошто би имале тие против и доколку делови од израелскиот народ, односно Евреите во Македонија бидат дел од преамбулата на нашиот Устав тие граѓани се богатството на нашата држава. Ние сме граѓанска држава, нагласи Ковачевски.

Останати вести