На 150-годишнината на денот на раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев во Кукуш, македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше пред еден век.
Гоце се бореше за Македонија на Македонците. Тој го разбираше светот како културно поле за натпревар на народите — денеска во дел од Европската унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред Судот за човекови права во Стразбург се игнорираат; ЕК не го спроведува законот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ.
Уште полошо, денеска политичката воља на македонскиот народ, изразена на референдумот од 8 септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува.
Ние, од Нов АСНОМ, заедно со Млади на Македонија се обрзуваме да го следиме патот на Гоце Делчев и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите нации. Од патот што го трасира Гоце не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за повторно да бидеме победници.