Неочекуван и тежок пораз на Лајло Јунајтед Слога од Феникс. Гостите први дадоа гол во последните мигови на првото полувреме преку Џошуа Калиќ. Само што започна вториот дел од натпреварот во 51 минута Декан Напиер ја затресе мрежата на Слога за водство од 0:2. Не поминаа две минути а Тамир Идрис успеа да намали на 1:2. Додека конечниот резултат го постави Напиер кој повторно се запиша како стрелец за 1:3.
Во сабота, на 7 мај, Слога гостува кај Џилонг Ренџерс со почеток во 15 часот.