Ретко кој го знае Роберт Кармона, уругвајски фудбалер кој влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар активен фудбалер со 60 години. Статистиката му е 45 години кариера, 30 клубови во неа и неверојатни – 2.200 мечеви.
Иако е пред вистинска старосна пензија, Кармона нема намера да сопре да игра. Сер Стенли Метјус играше до 50 години на највисоко ниво, Казујоши Мура со 55 сè уште е активен во Јапонија, ама рекордер е – Уругваецот.
Без прекин игра од 1976 година, а формулата за долговечност му е – добра исхрана, дисциплина на тренинзите и избегнување на пороците (алкохол, дрога…). Тренира и по седумпати дневно, а во кариерата за 45 години имал осум операции од кои најтешката на менискусот.
– Јас последен пат имав ноќно излегување на 16 години. Следниот ден загубивме, промашив пенал кој очајно го шутнав и тоа ми направи многу проблеми тогаш во клубот, по што после тоа не излегов во диско, на забави… Професионалец сум и тој пример го следам. Јас си забранив такви падови, така се однесувам и така опстојувам, вели Кармона.
Тој иако има 60 години нема намера да оди во пензија.
– Многумина ме прашуваат кога во пензија? И јас ги прашувам, а зашто би одел во пензија? Која е причината за тоа? Јас сум избран, жива легенда, најстариот прифесионален и активен фудбалер. Се чувствувам како да имам 25 години. И не размислувам за пензија. Уште некое време сигурно ќе ме гледате, додава Кармона.
Моментно е член на нисколигашот Хармона во аматерската Лига Метрополитана. До 40-та година од животот играл како офанзивен фудбалер за врска, плејмејкер, а потоа се вратил во дефанзива и сега е стопер.
– Би сакал ФИФА да го признае ова мое остварување, зашто добив јас признанија во Уругвај и во светот, но ова ми недостига. Мислам дека сум пример за здрав живот, за дисциплина, здравје и професионализам. Мислам дека сите вистински вредности ги покажувам во фудбалот, додава Кармона.