Голф турнир на Престон Македонија 2022

Минатава недела околу педесет играчи на голф зедоа учество на традиционалниот голф турнир на Престон Македонија,  кој се одржа на теренот Growling Frog во Јан Јин.

На овој ден, покрај дружењето, присутните имаат можност да поминат убави часови во природа. Во календарот на “лавовите“ овој ден служи и за собирање средства за клубот. Времето беше пријатно и се играше убав голф во друштво на пријатели и познаници.

Управата на Престон Македонија им изрази благодарност на сите што зедоа учество и на спонзорите кои придонесоа да биде успешен настанот.

Останати вести