Гори и покрај забраната за движење во шумите: Кој ги предизвикува пожарите?

Во Македонија во исто време се случи невреме со поплава во Кочани и повеќе шумски пожари.

Неколку денови гореше шума на место Погана, помеѓу Гевгелија и Богданци. Таму пожарот настанал поради искрење од спој на жици од далкувод. Поради ветер пожарот се прошири кон пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, а и кон селото Ѓавато.

Овој пожар се гаснеше со помош на хеликоптер на АРМ.

Од удар на гром изби пожар и во Кумановско, каде гортеше сува трева и борова шума. Во Кичево кај селото Туин се запали сува трева и нискостеблеста шума, а во Велес помаѓу селата Голозинци и Лисиче исто така од удар на гром гореше сува трева и нискостеблеста шума.

Годинава ситуацијата е поинаква од лани кога над 90 отсто од катастрофалните над 100 шумски пожари беа предизвикани од човек и тоа преку намерно потпалување, велат надлежните.

Годинешниве пожари засега се резултати на високите температури или громови кои лесно ја потпалуваат вегетацијата при секојдневни температури од околу 40 степени Целзиусови.

Веќе еден месец е прогласена делумна забрана за движење во шумите што се под надлежност на јавното претпријатие “Национални шуми“, па граѓаните без дозвола не можат да се движат во овие региони во периодот од 6 часот наутро до 20 часот навечер. Поголемата евиденција за тоа кој влегува и кој излегува од шумите дава резултат, вели директорот Валентин Груевски.

Во меѓувреме граѓаните од градовите кои немаат противпожарни служби почнаа да се самоорганизираат.

Лани, во кризниот период од јуни до септември се случија дури 142 шумски пожари што зафатија 11.420 хектари шума. Штетата беше проценета на 37,6 милиони евра. Ланските пожари беа најголеми изминатава деценија, а се заканија и на неколку градови и населени места.

Останати вести