Екстрадиција темпирана за собирање гласови?Палчо се буни: „Сакав да се вратам уште во декември, ама не ви чинеше поради изборите“

Партијата Десна на Фејсбук објави писмо за кое тврди дека го напишал претседателот Љупчо Палевски-Палчо, a адресирано до актуелниот министер за правда Кренар Лога. Во писмото Палевски тврди дека сакал да биде екстрадиран од Турција уште во декември, но дека министерот не сторил ништо за да го овозможи тоа, а дека „пресметките на коалициските партнери за изборите“ ја одложиле екстрадицијата.
„Уште од првиот ден на моето апсење во Турција, 5 декември 2023, од суот во Баликесир барав веднаш да бидам екстрадиран во Македонија и од 17 јануари 2024 година турските власти чекаа на македонските правосудни органи за да почне процедурата за мојата екстрадиција“, се вели во писмото.
Според Министерството за правда, пак, Македонија на 7 декември 2023 година до Турција испратила барање за екстрадиција на Палевски.
Љупчо Палевски-Палчо во Македонија е осомничен за двојно убиство: на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.
Пренесуваме дел од писмото на Палчо до министерот за правда на Македонија:
„Министре Кренар Лога!
Морам на лист од тетратка и лично да Ви се обратам како на политичар кој директно е одговорен за оваа катострофално дело, со зла намера водење на оваа правна постапка со име ЕКСТРАДИЦИЈА!
Во Судот (во Турција) ми беше потврдено дека постапката трае максимално 40 дена, лично од судијата кој го водеше процесот.
АРГУМЕНТОТ дека извршувате партиски политички наредби, а НЕ спроведување на законски обврски, е следниот аргумент:

  1. На 5 декември 2023 година бев уапсен, а на 6 декември во Судот на прашање од судијата, ја ОДБРАВ БРЗАТА постапка „ON CONSENT”.
  2. На сослушувањето на повисокиот суд на 23 декември 2023 година, исто така на прашање од Судија, одбрав брза постапка „ON CONSENT” со слободна воља, без противење! Исто така во ова сослушување на прашање од Судија, одговорив дека не постои опасност од МОЕ УБИВАЊЕ и МАЧЕЊЕ во правосудниот систем на Македонија !! со кој Вие раководите !!
    Се ова претходно пишано значи дека Судот во Баликесир во 3 (три) недели ја заврши целата постапка „ON CONSENT”, а од 17 јануари 2024 година, предметот се наоѓа на маса кај Вашиот колега, Министер за правда на Р.Турција, во Анкара!
    Од 7 декември 2023 година до денес изминаа 5 месеци, а Вие како министер НЕ сте направиле НИШТО за да бидам изведен пред органите на прогонот (ОЈО) за да можам активно да се бранам, тоа е моето неприкосновено право, од Закон произлезено!
    Партиското барање и задача од Вашиот коалициски партнер да ме држите далеку од Македонија за време на изборите, најблаго кажано е европско „прогресивно“ лицемерие, но и кршење на Закон и мои елементарни човекови права!

Останати вести