Ем без пруга, ем без пари: Македонија плати казна од А$10 милиони поради(не)изградбата на пругата и доцнење на возот кон Бугарија

Лани на Европската банка за обнова и развој Македонија и платила 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковци – Крива Паланка, објави порталот “Фактор“.

Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

Ова го потврдува ЈП за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, според кој повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од годината претходно.

“Инфраструктура“ овие пари и ги исплатила од сопствени средства на ЕБОР.

Минатиот месец Владата ги потпиша документите со кои ќе се реализираат две фази за железничкото поврзување со Бугарија. Инвестицијата е 200 милиони евра, од кои дел се заем, а дел грант. Одбраните оператори се австриски “Штрабаг“ и турски “Ѓулермак“.

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција:

„Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот. Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. Министерот Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот.  Министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга.

Со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, локомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија.

Недомаќинското работење со државните пари граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Останати вести