Започнува Австралискиот шампионат во кој играат Престон Македонија и Бродмедоу Маџик

Фудбал Австралија објави значаен повеќегодишен, мултиплатформски договор за емитување на првиот Австралиски шампионат на SBS, SBS On Demand и SBS VICELAND, пренесувајки го секој момент во живо и бесплатно за љубителите на фудбалот низ Австралија.

Договорот го прави SBS ексклузивен ТВ-пренесувач на Австралискиот шампионат во следните две години, прикажувајќи 18 натпревари на телевизија во живо на SBS On Demand – од групната фаза до четвртфиналето, полуфиналето и големото финале.

Навивачите ќе можат да го следат иновативниот формат на натпреварување со секој саботен натпревар – вкупно 12 натпревари – плус нокаут натпревари од две четвртфиналиња, и полуфиналето и големото финале, кои ќе се емитуваат бесплатно на главниот канал на SBS.

Двојните натпревари „Супер сабота“ ќе вклучуваат два последователни натпревари, почнувајќи во 13:00 и 15:00 часот по источно време секој викенд.

Првиот натпревар, со којшто се отвора шампионатот, ќе биде помеѓу Саут Мелбурн и Сиднеј Олимпик,  во петок, 10 октомври, и ќе се емитува во живо на SBS VICELAND и SBS On Demand. 

Австралискиот шампионат ќе собере 16 тима во динамичен  формат, со осум фондациски клубови помеѓу кои е Престон Македонија и осум шампиони од Националните премиер лиги, меѓу нив е Бродмедоу Маџик. Овој иновативен формат ги поврзува државните лиги со патеката на формирање Б-лига, што ќе биде по A-лигата, помагајќи во  обликувањето на националната фудбалска пирамида и  нови можности за клубовите и играчите.

Престон Македонија првиот натпревар го игра в сабота, на 11 октомври, кога ја пречекува во Резерво екипата на НЈВ Спирит во 15 часот.

Следниот ден, в недела, на 12 октовмри, Бродмедоу Маџик го пречекува Моретон Сити во 13 часот.

Останати вести