Скок од пет позиции бележи македонската фудбалска репрезентација на ранг-листата на ФИФА објавена минатиот четврток.
„Црвено-жолтите“ март го завршуваат на 62. место, односно пет места погоре во споредба со рангирањето на 10 февруари. Напредокот се должи на победата над Италија на 24 март во Палермо.
Од противниците на Македонците во Лигата на нации, најдобро пласирана е Бугарија (73. место), Грузија е 85-та, додека Гибралтар се наоѓа на 203. место.
Во ТОП 10 репрезентации се: Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.