Зеленски до ЕУ: Во јуни да добиеме статус на кандидат, благодарност до Балканот за разбирањето

Статусот на кандидат за членка на Европската унија за Украина треба да биде одобрен на самитот во јуни, порача деновиве украинскиот претседател Володимир Зеленски во видеоповик до лидерите на тој блок, кои во Брисел разговараа за украинската криза.

На стратегиско ниво статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ на Украина треба да биде одобрен уште во јуни, рече Зеленски.
Тој особено им се заблагодари на земјите од Западен Балкан „за разбирањето и за поддршката на кандидатскиот статус за Украина“.

На 8 април, кога беше усвоен петтиот пакет санкции, добивме прашалник за кандидатурата и веќе го одговоривме, ѝ дадовме одговори на Европската комисија. Сметаме на истата реакција од Европа и ја отфрламе секоја алтернатива, која никому не му е потребна. Мора да бидеме како вас, порача Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека Украина ги исполнила сите критериуми за кандидатски статус.

Останати вести