Знамето истакнато за Илинден ги вознемири Грците во Волонгонг

Во чест на Илинден, во вторникот пред oпштината Волонгонг во НЈВ се вееше шеснаесеткракото македонското знаме со сонцето од Кутлеш. Република Македонија го имаше како официјално од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско државно знаме што е стилизирана верзија на ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.

Локалната грчка заедница во Нов јужен Велс веднаш реагираше на поставувањето на знамето со шеснаесет краци пред општината во Волонгонг, по повод одбележувањето на македонскиот национален празник.

На фејсбук-страницата на грчката заедница наречена „Македонска лига“ беше изразено незадоволство и наведено дека употребата на знамето е незаконска од 1993 година, како и дека неговата легалност е опфатена во привремената спогодба од 1995 година и со Преспанскиот договор. Службениците на општината кои се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната го симнаа знамето и објавија извинување.

„Благодариме за повикот утрово и за советот за знамето што моментално се веше пред општина Волонгонг“, се вели во пораката на Фејсбук.

„Искрено се извинуваме што не бевме свесни за чувствителноста поврзана со кренатото знаме. Советот го прифати знамето со добра волја од член на заедницата“.

Старото знаме со сонцето од Кутлеш беше поставено во НЈВ пред општинската зграда  во  Волонгонг, во чест на Илинденското востание, чија цел беше слобода за Македонците

Останати вести