Изложба на олдтајмери во Делчево

Во организација на здружението ,,King’s of the road’s”, во Делчево се одржа 6. Изложба на олдтајмери на која учествуваа околу 120 возила од Македонија, Бугарија и Србија.

Претседателот на здружението, Лоренцо Трајановски изрази задоволство од бројката на возила и покрај променливите временски услови.

Наградата за најстар автомобил замина во рацете на Митко Стојчев од Бугарија за неговиот “Доџ”, додека за најмлад учесник годинава беше прогласен младиот Давид Златковски.

– На овој настан учествувам со “лада 1600 специјал”. Автомобилот е во лично сопствеништво на дедо ми и секојдневно го возиме, истакна Златковски.

Од годинава активно учество во организација на настанот зеде и Олдтајмер федерацијата на Македонија.

– Земавме активно учество во смисла со оценување со проверки и контрола на квалитетот на реставрација. Во текот на оваа година ќе се организираат 4 изложби со државно значење кои ќе се бодуваат за Државното првенство за олдтајмери, истакна претседателот на федерацијата Мојсие Милосављевски.

Освен за најстаро возило и најмлад учесник, во рамки на настанот чиј покровител е Општина Делчево беа доделени награди и за најдобро реставрирано и нереставрирано возило, а беа доделени благодарници за сите кои ги претставија своите возила во рамки на изложбата во Делчево.

Останати вести