Илавара Премиер лига, заостанато 4 коло, Волонгонг Јунајтед – Коримал Ранџерс 3:4

Минатата сабота се играше пропуштениот натпревар од четвртото коло и тоа беше интересна средба полна со неизвесност и пресврти. Гостите први се радуваа на гол во 18 минута преку Шинбуја. Потоа следеше серија на Волонгонг Јунајтед во која Киа Јовановски постигна два гола во 49 и 60 минута за 2:1.
Гостите повторно сега направија пресврт и се редеа головите на Вехмејер 76, Шинбуја 80 и Матиас 88 за водство на Коримал од 2:4.
Конечниот резултат го постави Бенџамин Брукс во 92 минута за 3:4.
Следното регуларно коло се игра в сабота, на 6 мај, Крингила Лајонс гостува кај Коримал Ранџерс во 14:30 часот. Волонгонг Јунајтед гостува кај Саут Кост Јунајтед во 19 часот.

Останати вести