Минатиов петок официјално започна новата сезона на Премиер лигата во Илавара, а нашата Крингила Лајонс забележа убедлива победа пред својата публика. Во натпреварот со малку шанси, Тајлер Фулер го одбележа своето дебитирање со гол во последните моменти од првиот дел.
Во второто полувреме во 66 минута, нововлезениот Ентони Крстески ја зголеми предноста на 2:0. Пред крај на средбата капитенот Питер Симоноски го постави конечниот резултат за 3:0.
Во недела, на 10 март, Крингила Лајонс ја пречекува екипата на Саут Кост Јунајтед со почеток во 14:30 часот.