Илавара премиер лига, 18 коло, Булај – Волонгонг Јунајтед 0:1

На Волонгонг Јунајтед му требаше само еден гол за да го совлада Булај на гостувањето во Болс Педок. Стрелец на голот беше Киа Јовановски во 37 минута.

Оваа сезона е премногу измешана табелата и не реална бидејќи Волонгонг Јунајтед има одиграно само шест натпревари од кои има добиено 5, а се наоѓа на петтото место со 15 бодови.

Од друга страна лидер е Таравана Блуз со 11 одиграни средби и 22 бода.

Кога ќе се одиграат заостанатите средби ќе има големи промени на врвот и се очекува Волонгонг Јунајтед да биде помеѓу првите.

Во сабота, на 2 јули, Волонгонг Јунајтед ја пречекува екипата на Таравана Блуз со почеток во 14:30 часот.

Останати вести