Илавара премиер лига, 22 коло, Волонгонг Јунајтед – Албион Парк Вајт Иглс 1:2

Минатата недела на Македонија Парк заврши сезоната за нашата Волонгонг Јунајтед кога го пречека сезонскиот шампион Албион Парк Вајт Иглс. Вајт Иглс славеа победа со головите на Грифин 1` и Киракудес во 7 минута. Единствениот гол за Волонгонг го постигна Лазаревски во 62 минута.

Волонгонг Јунајтед на крај од сезоната заврши на шестото место и не се квалификува во финалните средби за шампионската титула.

ТАБЕЛА

Албион Парк Вајт Иглс 56
Крингила Лајонс 44
Волонгонг Олимпик 43
Конистон 36
Булај 35
Волонгонг Јунајтед 35
Порт Кембла 33
Хеленсбург Тистл 30
Коримал Ранџерс 23
Саут Кост Јунајтед 20
Таравана Блус 20
Беламби Розелас 2

Останати вести