Илавара премиер лига, 22 коло, Крингила Лајонс – Булај 3:2

Со победа за висок пласман Крингила Лајонс во последното коло ги израдува своите љубители. Гостите први дојдоа до водство преку Самуел Аднум во 24 минута за 0:1. Но пoтоа “лавовите“ направија пресврт од 3:1, со головите на  Харисон Таранто 32`, Петер Симоноски 33` и Антони Крстески во 72 минута. Конечниот резултат го постави Џарвис Патерсон во 92 минута за 3:2.

Крингила Лајонс сезоната ја заврши на второто место и сега ќе се обиде да ја освои шампионската титула во финалното разигрување.

Во сабота, на 26 август, Конистон и Булај играат во полуфиналето со почеток во 14:30 часот. Следниот ден в недела, на 27 август, Крингила Лајонс ја пречекува екипата на Волонгонг Олимпик со почеток во 14:30 часот.

Останати вести