Најпосле дочекавме да се одигра првиот натпревар за нашите клубови во Волонгонг. Крингила Лајонс гостуваше кај Беламби и забележа висока победа од 0:3. Другиот наш претставник Волонгонг Јунајтед исто така на својот прво натпревар во гости кај Саут Кост Јунајтед, славеше убедлива победа од 4:0.
Во петок, на 8 април, Крингила Лајонс ја пречекуваат екипата на Вунона со почеток во 20 часот. Следниот ден в сабота, на 9 април, Волонгонг Јунајтед го пречекува Булај со почеток во 14:30 часот.