Илина и Ева Соколовски освоија злато, сребро и бронза на интернационален натпревар по ритмичка гимнастика.
Минатиот викенд во Падаборн, Германија, се одржа Интернационалниот натпревар во ритмичка гимнастика на кој учествува Илина (17) и Ева (13) како репрезентативки на Македонија. Ева во својата катергорија освои злато, додека Илина во двете категории освои сребро, односно бронза.
На натпреварот учествува над 150 натпреварувачки од повеке европски држави, како Франција,Бугарија, Чешка, Словачка, Полска, Швајцарија, Полска, Германија, Македонија…
И Илина и Ева настапија со по две кореографи: Илина со лента и топка, додека Ева настапи со хулахоп и лента. Ева беше перфектна и тргна се од рака и во двете кореографи го освои првото место, додека Илина настапи со нови кореографии, што се уште не и се добро извежбани, но тоа не беше пречка да го освои второто место со топка и трето со лента.