Интер донесе одлука за Кристијан Ериксен

Актуелниот италијански шампион Интер донесе одлука во врска со Кристијан Ериксен, ѕвездата на нивниот тим и најплатениот играч во тимот.

Да потсетиме, данскиот репрезентативец доживеа срцев удар на првиот натпревар на Европското првенство, по што лекарите му го спасија животот на самиот терен. Во болницата му поставија дефибрилатор, се чувствува добро, но не смее да игра за Интер бидејќи Италија на професионален и аматерски план забранува играње на секој со сериозни проблеми со срцето. Тоа значи дека може да игра за клубови кои се натпреваруваат надвор од Италија.

Интер потврди дека е подготвен да го пушти Ериксен да го напушти “Сан Сиро“ бидејќи не може да го пријави за настапи. Објавеното соопштение потсетува на причините поради кои не може да игра во Италија, но и дека може да игра за клубови надвор од државата.

Платата на Ериксен за оваа сезона е 7.5 милиони евра. Засега холандски Ајакс е еден од заинтересираните клубови за него.

Останати вести