Ирвинг останува во Далас да му помогне на Дончиќ да дојде до титулата во НБА!

Кајри Ирвинг беше желба на многу клубови, најмногу на Феникс санс кој сакаше да направи „голема четворка“ заедно со Дурент, Бил, Пол и Букер, но реши да остане каде што ја заврши минатата сезона – во Далас маверикс.
Искусниот бек се согласи да потпише нов тригодишен договор со „телињата“ од Тексас вреден 126 милиони американски долари, со можност самиот да го прекине по втората сезона. Ова, сепак, е вториот најбогат договор во оваа американска држава потпишан на стартот од преодниот рок во НБА, откако неколку часа претходно Фред Ванвлит реши дресот на Торонто репторс да го замени со тој на Хјустон рокитс во замена за 130 милиони долари за тригодишна соработка.
Најголем договор, пак, потпиша Тајри Халибартон, кој го обнови договор со Индијана пејсерс, каде што за петгодишен договор доби 260 милиони долари. Дезмонд Бејн, пак, ќе добие 207 милиони долари за следните пет сезони во дресот на Мемфис гризлис. Ветеранот Дрејмонд Грин останува во Голден стејт вориорс, откако потпиша нов четиригодишен договор за вкупна сума од 100 милиони долари.

Останати вести