Како преживеалтри месеци во океан откако невреме му го оштети бродот?

Австралиец и неговото куче преживеале три месеци на отворен океан. За да преживее, човекот јадел риба и пиел дождовница.

Станува збор за морнарот Тим Шедок, кој сега е во стабилна состојба. Шедок, 51-годишен маж од Сиднеј, и неговото куче Бела во април тргнале од Мексико за Француска Полинезија. Но, по неколку недели невреме го оштетило нивниот брод.

Оваа недела ги забележале од хеликоптер, по што ги спаси брод. Лекар, по спасувањето, изјавил за австралиски „9Њуз“ дека Шедок има „нормални витални знаци“.

Шедок го почнал патувањето долго над 6.000 километри од мексиканскиот град Ла Паз. Но, набрзо се изгубил на океанот откако лошото време ја уништило електрониката на бродот. Поради тоа тој и неговото куче Бела останале беспомошно да пловат во Пацификот. Кога конечно го пронашле покрај брегот на Мексико, неколку месеци подоцна, Тим бил многу ослабен.

– Имав само опрема за риболов и тоа ми помогна да преживеам. Поминaв низ многу тежок период на море и сега само имам потреба да одморам и да јадам нешто затоа што бев долго време на море. Инаку, јас сум во добра здравствена состојба. Имам многу добри лекови, се грижат за мене многу добро, изјави Шедок.

За да преживее, Тим ловел риба, која ја јаделе сирова, а пиеле само вода дождовница. Успеал да избегне изгореници така што се засолнил под настрешницата на својот брод. Лекар специјалист објаснил дека Тим ќе почне да закрепнува така што на почетокот ќе му се даваат мали порции храна.

Пред неколку години, медиумите ја објавија приказната на Стивен Калахан, кој преживеал 76 дена на отворено море без храна и вода. Неговиот потфат бил тема на многу документарци, книги и филмови, а сите се прашувале како тоа му пошло од рака.

Имаше и случаи кога луѓе издржуваа по неколку дена на отворено море.

Останати вести