Австралиската влада соопшти дека на земјата ќе и биде дозволено повторно да извезува говедско месо во Кина, бидејќи трговските тензии меѓу двете земји ќе се смират.
Сепак, и понатаму некои австралиски кланици ќе останат на црната трговска листа на Кина.
„Овој потег е уште еден позитивен чекор кон стабилизирање на нашите односи со Кина“, рече австралискиот министер за трговија Дон Фарел, додавајќи дека притисокот ќе продолжи да се применува за да се отстранат преостанатите трговски бариери што е можно поскоро.
Пекинг неодамна ги укина царините за австралиските производи, вклучувајќи го и јачменот.
Минатиот месец Канбера постигна договор со Пекинг што може да доведе до укинување на антидампинг давачките за виното воведени во 2020 година.
Од 2020 година на десет австралиски кланици им е забрането да тргуваат со Кина. Пекинг тврди дека извозниците погрешно го означиле или контаминирале месото.
Во тоа време односите меѓу двете земји стануваа се позаострени. Пекинг реагираше на забраната на Канбера за распоредување на 5G мрежата на кинескиот телекомуникациски гигант Huawei во Австралија.
Така, Кина воведе царини за австралиското вино меѓутоа и за неколку други австралиски извозни производи, вклучувајќи јачмен, говедско месо и јаглен.
Во август беше укината царината од над 80 отсто за австралискиот јачмен. Санкциите за извозот на јастог сè уште остануваат на сила.
Односите се подобруваат откако се смени владата и премиерот во 2022 година.
Кина и понатаму е најголемиот трговски партнер на Австралија, со речиси една третина од вкупната трговија на земјата.