Преодната техничка влада треба да стапи на 28 јануари, откако на 26-ти ќе започне собраниската седница за оставка на кабинетот на премиерот Ковачевски. Тој претходно че ја испрати својата оставка до Собранието, со што „паѓа“ целата Влада.
Изборите ќе бидат распишани на 14 или 15ти февруари, а Собранието ќе си работи во полн состав до почетокот на април со тоа што на пратеничкото местото на Џафери (кој ќе треба да биде избран за технички премиер без гласовите на опозицијата) ќе дојде Муса Ибраими.
Функцијата претседател на законодавниот дом ќе ја врши Јован Митревски, координаторот на пратеничката група на СДСМ.
Џафери посочи дека на престојните избори ќе се кандидира за уште еден пратенички мандат за местото на Груби од ДУИ дополнително ќе се произнесат.
Во меѓувреме албанскиот опозициски блок си го бара своето место во ДИК а кое моментно го држи кандидат на Алијансата (која е дел од власта). Лидерот ан АА, Арбен Таравари, вели дека на изборите ќе одат самостојно што сигнализира дека можеби нема да бидат дел од техничката влада.