Крај на сагата: Мбапе се договори со Реал Мадрид за 25 милиони евра годишно!

Германски „Билд“ ексклузивно пренесе дека Реал Мадрид го договорил доаѓањето на француската суперѕвезда, Килијан Мбапе и тоа официјално ќе го потврди по пресметката против Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите.

На Французинот ќе му истече договорот со ПСЖ на крајот од оваа сезона и ќе пристигне во Мадрид како слободен играч, а неговата плата ќе го чини Реал околу 50 милиони евра годишно. „Билд“ ја наведува бруто сумата, што значи дека нето платата на Мбапе по сезона ќе изнесува нешто повеќе од 25 милиони евра, бидејќи данокот во Шпанија на платите на фудбалерите е нешто помал од 50%.

Реал со години го бркаше Мбапе. Прво кога играше во Монако, но тогаш беше невозможно да го донесе, бидејќи во тимот ги имаше Роналдо, Бејл, Бензема и буџетот за плати беше во минус. Сепак, по заминувањето на Роналдо и некои други добри потези во преодните рокови, „кралскиот клуб“ си обезбеди огромен простор во буџетот за доведување врвни засилувања.

Најголем губитник во целата приказна е Пари Сен Жермен. На Монако му плати 180 милиони евра, а неговиот договор изнесувал 25 милиони евра годишно нето, што значи дека за пет години издвоил уште околу 250 милиони евра (вкупно 430 милиона евра или А$688 милиона).

Пред почетокот на оваа сезона ПСЖ одби понуда тешка 190 милиони евра од Реал Мадрид за Мбапе, бидејќи челниците на „светците“ се надеваа дека ќе успеат да го премислат фудбалерот и ќе потпишат нов договор. Но, Мбапе ги одби сите понуди за продолжување на договорот со ПСЖ и се договори со Реал Мадрид.

Останати вести