Оваа седмица сите ќе навиваме за македонскиот клуб од Њукасел кој се квалификуваше повторно во завршницата за купот на Австралија.
Бродмедоу Маџик веќе неколку пати има стигнато до оваа фаза и ќе се обиде на гостувањето во Мелбурн да го направи својот најголем успех и да го помине елиминационото коло на финалните 32 екипи.
Бродмедоу Маџик за купот на Австралија игра со екипата на Бентли Гринс од Викторија.
Средбата се игра в четврток, на 21 јули, на стадионот Kingston Heath во Мелбурн со почеток во 19:30 часот и ќе има директен пренос на Канал 10.