Куп на Австралија, 6 коло, Престон Македонија – Сиднам Парк Македонија 2:0

Минатиот вторник Престон Македонија играше во елиминационото коло за купот на Австралија со Сиднам Парк Македонија. И покрај многу шанси двете македонски екипи до крај на регуларниот дел од средбата играа без голови. Победникот беше решен во судиското продолжение, а решавачки беа головите на Вил Бејнам и Чок Дау за победа од 2:0.
Во следното коло за купот на Австралија, Престон Македонија за противник го има стариот лут ривал Саут Мелбурн. Натпреварот ќе се игра во Резерво во вторник, на 21 мај, со почеток во 20 часот.
Регуларната сезона продолжува за Престон во петок, на 10 мај, кога ја пречекува екипата на Лангварин со почеток во 20:30 часот.

Останати вести