Куп на Австралија, 6 коло, Престон Македонија – Саут Мелбурн 2:5

Минатиов вторник сите патишта водеа кон стадионот на Престон Македонија во Резерво, на елиминациониот натпревар за купот на Австралија со стариот лут ривал Саут Мелбурн. Околу шест илјади навивачи вечерта следеа возбудлива средба во која беа постигнети седум голови. Престон Македонија дојде до водство буквално во првиот напад во 37 секунда, а стрелец беше Весли Џобело за 1:0.
Пред крај на првото полувреме Саут Мелбурн успеа да изедначи со голот на Рос Арчибалд на 1:1.
Во второто полувреме гостите направија серија и се редеа погодоците на Бранден 60и на Маршал 74 минута за водство на Саут Мелбурн од 1:3. Надеж даде голот во 83 минута на Лук Џего кој го намали водството на 2:3. Но за жал тоа беше само надеж бидејќи гостите постигнаа уште два гола, и тоа Микола 87 и Сојер во 90 минута за конечните 2:5.
И покрај големата желба на фудбалерите на Престон Македонија и бучната подршка на публиката на крај со овој пораз заврши годинашната надеж за понатамошно учество за купот на Австралија.
Во недела, на 2 јуни, Престон Македонија гостува кај Вестерн Јунајтед со почеток во 16 часот.

Останати вести