Лавовите на турнеја низ Македонија: Престон Македонија ќе играпротив Вардар и Пелистер

Најпознатиот клуб на македонската дијаспора во Австралија, Престон Македонија, објави дека доаѓа на турнеја во Македонија и тоа во Скопје, Битола и Охрид.

„Чест ни е да објавиме дека нашиот сениорски машки тим ќе го претставува нашиот клуб и заедницата во Македонија. Тимот заминува во понеделник, 15 септември, а патувањето ќе служи како тренинг камп пред австралиското првенство“, објави клубот.

Клубот и играчите турнејата ќе ја искористат и за волонтерски активности и ќе учествуваат во хуманитарни добротворни иницијативи, вклучувајќи ја и распределбата на собраните средства од „Kocani Appeal“ за настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.

Управата на Престон Македонија откри дека за реализирањето на оваа турнеја клучна улога имале МНР и ФФМ.

„Ова патување е овозможено благодарение на неверојатните напори на министерот за надворешни работи на Македонија, почитуваниот Тимчо Муцунски и Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Масар Омерагиќ. Тимот ќе биде гостин на ФФМ додека патуваме и играме во Охрид, Скопје и Битолa.“

„Патувањето е целосно финансирано од ФФМ, клупските спонзори, неколку љубезни поединци, придонес од играчи, како и дарежливоста на нашиот авиопартнер Turkish Airlines.“

„Лавовите“ од Престон на 23 септември од 15:30 часот ќе играат против Вардар во Скопје, на на 25 во истиот термин против Пелистер во Битола. Засега не е објавено со кого ќе играат во Охрид.

„Ова е чест за нашиот клуб, играчите и службените лица да ја претставуваат нашата заедница, нашиот клуб и нашите навивачи“.

Останати вести