Лајонс ФК – Престон Македонија 2:1

Австралиски шампионат, група Д, 2 коло

Лајонс ФК ја совлада Престон Македонија во второто коло од Австралискиот шампионат, откако во завршницата направи целосен пресврт на домашен терен во Бризбејн

Фудбалерите на Лајонс ФК забележаа значајна победа против Престон Македонија, триумфирајќи со 2:1 на „Луксури Пејнтс стадионот“ во натпревар одигран во исклучително тешки временски услови. Домаќините покажаа карактер и упорност, успевајќи да ја надоместат негативата и да стигнат до трите бода во второто коло од Австралискиот шампионат.

Обилните врнежи во Бризбејн го отежнаа натпреварот, а состојбата на теренот беше сериозен предизвик за двата тима. По првото полувреме без голови, Престон прв зададе удар во продолжението.

Во 49. минута Лука Блажевиќ ја искористи одличната топка од Оливер Кубилај, се најде очи в очи со голманот и прецизно реализираше за водство од 1:0 на Престон Македонија.

Престон потоа се обиде да ја зачува предноста, но домаќините не се откажаа од потрагата по израмнување. Нивниот притисок вроди со плод во 74. минута, кога Џерсон Лагос ја затресе мрежата по одлична акција, враќајќи ја неизвесноста во дуелот.

Само десет минути подоцна, Лајонс ФК направи целосен пресврт. По слободниот удар на Лагос, голманот на Престон Македонија, Рајан Скот, не успеа да ја задржи топката, а Шон Карлос најбрзо реагираше и од непосредна близина ја испрати во мрежата за 2:1.

Престон Македонија во судиското продолжение имаше можност повторно да се врати во натпреварот, но голманот на домаќините, Џексон Рајли, со извонредна интервенција ја зачува предноста и ја потврди победата на својот тим.

Со овој триумф Лајонс ФК ја забележа својата прва победа во Австралискиот шампионат, додека Престон Македонија остана со само еден бод по првите две кола. Поразот е особено болен бидејќи „лавовите“ од Мелбурн имаа предност до самиот финиш на натпреварот.

Лајонс ФК уште еднаш покажа дека не се предава лесно, а победата над противникот од Мелбурн претставува важен поттик за продолжението на натпреварувањето.

Во сабота, на 31 октомври, Престон Македонија гостува кај Саут Хобарт со почеток во 15 часот.

Табела

ГРУПА Д

Саут Хобарт 3
Лајонс 3
Волонгонг Вулвс 1
Престон Македонија 1

Останати вести