Македонија заврши на 17 место на ЕП

Со триумфот над Швајцарија со 29:27, машката репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство во ракомет во Германија на 17 место.

Македонија имаше чест да го отвори 16. Европско првенство, пред повеќе од 53.000 гледачи, откако организаторите привремено го претворија стадионот „Меркур шпил арена“ во Диселдорф во ракометен центар. На тој меч против селекцијата на Франција претрпевме пораз со 39:29, a потоа и од Германија со 34:25.

На ЕП сега продолжуваат финалните мечеви од Топ12 фазата.

Инаку, во финалниот пласман зад Македонија завршија селекциите на Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија а сите тие се можни ривали на нашите ракометари во баражот за СП 2025 година.

Европско првенство, досегашен пласман:

Шпанија +2 (2)
Црна Гора -2 (2)
Чешка – 3 (2)
Полска -14 (2)
МАКЕДОНИЈА -17 (2)
Грузија -18 (2)
Србија
Фарски Острови
Швајцарија
Романија
Грција
Босна и Херцеговина

Останати вести