Македонија и Финска одиграа нерешено во Скопје

Македонија и Финска одиграа 1:1 на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, натпревар на кој повторно создадовме многу шанси а реализиравме една преку Барди и тоа од пенал.

Финска поведе преку Антман во 37 минута од класична контра, претходно Македонија имаше шанса преку Несторовски за водство.

Во вториот дел, Македонија започна одлично, три шанси за Барди, по една на Несторовски и Дориев, но гол нема.

Во 75 минута пенал за Македонија, откако беше соборен Алиоски. Барди беше сигурен реализатор за конечни 1:1.

Во 83 минута Диого Томас ја погоди нашата статива, имавме среќа што не беше гол.

Втората контрола на македонската селекција беше во неделата попладне (понеделник во Австралија кога овој број е веќе затворен) со Азербејџан.

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА 1:1 (0:1)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Новак Симовиќ (Србија). Стрелци: Барди (п) 75. (МАК), Антман 37. (ФИН). Ж. Картони: Елмас (МАК), Похјанпало, Соисало (ФИН).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Бејтулаи (46. Дориев), Муслиу (59. Велковски), Серафимов, Алиоски, Барди, Николов (59.Етеми), Спировски (46. Миовски), Несторовски (59. Атанасов), Елмас (87. Елези)

Селектор: Благоја Милевски.

ФИНСКА: Јоронен, Олила, Иванов, Аихо (72.Диого Томас), Хосконен, Лингман (58.Маенпа), Лод (61.Соисало), Антман, Тејлор (72. Хостика), Похјанпало, Сухонен.

Селектор: Марку Канерва.

Останати вести