Македонија пропушти три бода против Бугарија: Требаше да победиме ама добро е и што не изгубивме

Во 94 минута судијата прво досуди пенал за Бугарите,
па по интервенција од ВАР-собата ја повлече таа одлука

Во првиот меч од стартот на новата сезона на Лигата на нации македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 на гостувањето во Бугарија. Избраниците на Благоја Милевски доминираа во текот на целиот натпревар со далеку повеќе можности и за триумф. Бугарите се бранеа во текот на сите 90 минути, дојдоа во водство од една своја акција, а на крајот судијата досуди пенал во нивна полза но за среќа по прегледувањето на ВАР одлуката беше сменета.

Домашните играчи поведоа во 13. минута по двојното проигрување меѓу Десподов и Илиев, крилниот офанзивец Десподов продре пред голот на Димитриевски и со лоб го совлада за 1:0. Од тој миг Бугарите влегоа во мод за одбрана на резултатот. Македонските играчи ја презедоа контролата на целиот терен, шутираа на голот на Михаилов но топката не поминуваше во мрежата. Се редеа шансите на Барди, Елмас Ашковски и Ристовски но резултатот остана непроменед до крајот на првото полувреме.

Во вториот дел Македонија постигна израмнувачки гол во 50. минута – по извонредната акција на Спировски, Алиоски и Елмас и одбиената топка пред голот на домашните која дојде до Милан Ристовски, кој од десеттина метри без поголеми проблеми погоди во за израмнување на 1:1.

Во продолжение се редеа акции на македонската селекција наспроти Бугарите кои се фокусирани само на одбрана, но нашите не успеаја да го најдат патот до мрежата на Михајлов. На крајот завршивме со 15 шута (5 во рамки на голот) наспроти само трите на Бугарија, која од единствениот директен го даде голот, со стотина повеќе додавања, со поголем посед на топката и со повеќе изведени корнери, зашто Бугарија изведе еден.

Во 94. минута се случи и вистинска драма – главниот судија, Французинот Пињар досуди пенал за Бугарија по наводно играње со рака на Муслиу. Но, по реакција на ВАР очигледно беше дека Муслиу играл со прилепена рака на своето тело и судијата ја поништи одлуката за пенал по што остана конечниот резултат од 1:1.

Следниот меч Македонија го игра(ше) во понеделникот рано наутро по австралиско кај Гибралтар, кога овој број на АМН веќе е во печат.

Македонија на 9 јуни во Скопје прво ја пречекува Грузија а потоа на 12 јуни и Гибралтар.

ЛИГА НА НАЦИИ (Ц ЛИГА – Група 4)
БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:1 (1:0)
Хувефарма арена во Разград. Гледачи: 8.000. Главен судија: Жером Пињар (Франција). Стрелци: Десподов 13′ (Б) – М. Ристовски 50′ (М). Ж. картони: Миланов (Б) – Елмас (М).
БУГАРИЈА: Михајлов, Недјалков, А. Христов, Турицов, П. Христов, Крастев, Чочев, Неделев, Десподов, Миланов, Илиев (Минчев 46′)
Селектор: Јасен Петров
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Алиоски, Велковски (Ристевски 88′), Муслиу, Ашковски, Спировски (Николов 72′), Барди, Елмас, Чурлинов (Дав. Бабунски 46′), Трајковски (Миовски 46′), М. Ристовски (Дор. Бабунски 72′)
Селектор: Боби Милевски
РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО
Бугарија – МАКЕДОНИЈА 1:1
Грзуија – Гибралтар 4:0

Наместо во Софија, Бугарија натпреварот со македонската фудбалска репрезентација го пресели во Разград северо-источна Бугарија. Македонците и таму пристигнаа, навиваа за своите репрезентативци, на трибините беа главни. Ечеа песни за Македонија, во еден момент грмеше силно “Спроти Пирин, Егеј син“. На почетокот на натпреварот на трибините грмеше “Никогаш северна само Македонија“ како силна порака на фалангата. Бугарите слушаа како грми нашето име Македонија! Големо браво за македонските навивачи кои иако беа околу стотина, сепак се слушаа многу повеќе од домашната публика

Останати вести