Македонската династија Дајкос

Минатиот петок се одигра незвесното полуфинале помеѓу Колингвуд и Грејт Вестерн Сиднеј Џајантс. Победата на Колингвуд беше неизвесна до последниот момент од средбата, што го отсликува и крајниот резултат од 58:57. Само еден поен на крајот ги делеше двете екипи и благодарение на добрата игра на браќата Џош и Ник Дајкос “црно-белите” се квалификуваа во големото финале. 

Сите во Австралија што го следат AFL знаат за ѕвездата Питер Дајкос познат како “Macedonian Marvel” (Македонско чудо), легендарен спортист кој играше во деведесетити години за Колингвуд, а сега слушаат за неговата династија продолжена со неговите синови Џош и Ник што блескаат во настапите за истиот клуб. Питер Даикос е легенда во Колингвуд со одиграни 250 натпревари и постигнати 549 гола за клубот.

Им посакуваме успех на браќата Дајкос во големото финале на AFL во кое ќе играат против Бризбен Лајонс. Средбата за се игра в сабота, на 30 септември, на познатиот стадион MCG во Мелбурн со почеток во 14:30 часот.

Останати вести