Минатава сабота, македонските парохијани во Бризбен спроведоа организирана работна акција во дворот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Акцијата, која помина во пријатна и хармонична атмосфера, беше успешно реализирана со заеднички ангажман на верниците.
Како дел од традиционалните подготовки за претстојните празници за Божик, управата на црквата организира генерално чистење на храмот и неговата околина. Активностите опфатија уредување на надворешниот простор, како и темелно чистење на внатрешноста на црквата.
Организаторите изразија благодарност до сите парохијани кои одвоија време и учествуваа во подготовките за големиот христијански празник.