Македонските тенисерки обезбедија финале

Македонската женска тениска репрезентација се пласираше во финалето на групната фаза во третата Евро-африканска зона во „Били Џин Кинг“ купот, откако триумфираше во дуелот против Косово со 2:0.

Македонските тенисерки поведоа со победата на Магдалена Стоилковска над Доника Башота со 6:0, 6:1, додека печат на пласманот во финалето стави Лина Ѓорческа со максимални 2:0 во сетови (6:2, 6:2) против Адријана Лекај.

Противник на Македонија во финалето на турнирот што се игра во Скопје ќе биде победникот од дуелот меѓу Република Ирска и Португалија, а поуспешниот во финалната пресметка ќе обезбеди пласман во втората Евро-африканска зона во поранешниот ФЕД куп.

Останати вести