Македонски купво Викторија 2023

Од петок, 22 септември, до недела, 24 септември, ќе се одржи Македонскиот куп во Викторија. Домаќин на настанот е Алтона Маџик Вардар. На него учество ќе земат: Престон Македонија, Сиднам Парк Македонија, Џилонг Македонија, Лајло Јунајтед Слога, Пленти Вали Лајонс, Кило Волци и домаќинот Алтона Маџик Вардар.  

Посетителите покрај спортот може да ужуваат во традиционални јадења, пијалоци и музика. Македонскиот куп ја собира заедницата од сите делови на Викторија и е секогаш убава прилика за дружба. Спортскиот комплекс на Алтона Маџик Вардар кој се наоѓа на Paisley Park ќе ги пречека првите тимови, резервите и женските екипи.

Останати вести