МАКЕДОНСКИ КУП 2024: НАЈДОБРА Е ЕКИПАТА НА СИДНЕЈ МАКЕДОНИЈА

Македонски фудбалски куп “MASO CUP”  започна да се одржува од 2008 година и е најголемиот собир на нашите фудбалски клубови во Австралија

Минатиов викенд заврши годинашниот Масо куп, кој се одржуваше во Волонгонг а  заедно  домаќини беа Крингила Лајонс и Волонгонг Јунајтед. Турнирот повторно ги собра македонските фудбалски клубови од Австралија и во четири дена се одиграа повеќе од 70 натпревари.  

Во финалето на првите екипи во сабота се сретнаа првите тимови на Сиднеј Македонија (Бенкстаун Лајонс) и Волонгонг Јунајтед. Поуспешна беше екипата на Сиднеј Македонија која после 12 години повторно го држеше Македонскиот куп во свои раце. 

Нашата заедница во Илавара во голем број ги следеше овие натпревари и уживаше во собирот на македонските фудбалски екипи. Покрај првите тимови, играа и екипи на подмладоците, ветерани над 35 години и женски екипи.

Учество на Македонскиот куп 2024 имаа 16 клубови од НЈВ, Викторија, Канбера и Квинсленд: Бенкстаун Лајонс, Квинбијан Сити, Арнклиф Скотс, Џилонг, Саншајн Лајонс, Лајло Јунајтед Слога, Шелхарбор, Шепартон, Јагуна Лајонс, Алтона Маџик Вардар, Њукастел Санс, Престон Македонија, Бродмедоу Маџик, Рокдаел Илинден и домаќините Волонгонг Јунајтед и Крингила Лајонс.

Шампион кај ветераните над 35 години беше екипата на Шелхарбор, а кај подмладоците најдобар беше тимот на Рокдаел Илинден со вториот и најмладиот тим. Кај девојките најуспешни во финалето беа фудбалерките на Бродмедоу Маџик.

Честитки за домаќините на Масо Купот за 2024  година за добрата организација. По традиција секоја трета година купот се враќа во Сиднеј, така за 2025 година големиот собир за Македонскиот куп ќе биде таму.

ОСВОЈУВАЧИ НА КУПОТ

2024 Бенкстаун Лајонс
2023 Алтона Маџик Вардар
2021 и 2022 купот не се одржа поради рестрикциите од пендeмијата
2020 Рокдаел Илинден
2019 Рокдаел Илинден
2018 Бродмедоу Меџик
2017 Рокдаел Илинден
2016 Рокдаел Илинден
2015 Рокдаел Илинден
2014 Алтона Маџик Вардар
2013 Рокдаел Илинден
2012 Бенкстаун Лајонс
2011 Рокдаел Илинден
2009 Анклиф Скотс
2008 Алтона Маџик Вардар
Волонгонг Јунајтед и Престон Македонија
Подмладокот на Рокдаел Илинден
Девојките на Бродмедоу Маџик со купот
Шелхарбор беше надобар кај ветераните над 35 години
Претседателот на ФК Волонгонг Јунајтед, Петaр Вртовски и претседателот на ФК Престон Македонија, Давид Цветковски

Останати вести