МАКЕДОНСКИ ЈУНИОРСКИ ФУДБАЛСКИ КУП НА 8 И 9 ОКТОМВРИ

На 8 и 9 октомври 2022 година, во организација на Фудбалскиот клуб Сиденхем парк, ќе се одржи годишниот Македонски јуниорски куп на кој ќе учествуваат седум македонски фудбалски клубови: Фудбалски клуб Сиденхем Парк Македонија (домаќин), Алтона Меџик Вардар, Престон Македонија, Пленти Вали Лајонс, Лејлор Јунајтед Слога, Џилонг Македонија и Кило Волци.

Домаќините подготвуваат возбудлив викенд исполнет со забава каде што ќе има дружење со македонските фудбалски клубови што ќе учествуваат на овој годишен настан.

Се очекува за тие два дена на Keilor Lodge Reserve, Robertsons road, Taylors Lakes 3038, da бидат одиграни околу 100 фудбалски натпревари.

Поканети се сите љубители на фудбалот и сите Македонци.

Останати вести