МАНУ ќе излезе со зборниксо конкретни насоки што требада направиме на патот кон ЕУ

Македонија е во предност во однос на макроекономската стабилност, бизнис климата, но и во усвојување на информациско-комуникациските технологии, а најслаби сме во доменот на институциите, смета академик Таки Фити, кој се обрати на научната конференција на тема „Забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици и приоритети“ во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ во соработка со Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања.
Препорака на академиците е трудовите кога ќе ги подготват, што ќе бидат објавени во посебен зборник, место заклучни согледувања, да содржат конкретни, јасни препораки до креаторите на политиките што е она што треба да направиме.
Таки Фити смета дека регионалната соработка е многу значаја, поради близината, иако тоа не може да биде замена за членство во ЕУ. Сепак интензивирањето на регионалната соработка секогаш го забрзува процесот на пристапување кон ЕУ. Иако, вели Фити, во поглед на конкурентноста Македонија и скоро да влезе во ЕУ, ќе има големи проблеми, бидејќи во однос на конкурентноста сме дури на 82 место меѓу 141 земја, а кај продуктивноста имаме исклучително лоша ситуација мерено по сите индикатори и по БДП по работник и по новокреирана додатна вредност по работник и кај вкупната факторска продуктивност. Тука заостанувањето е меѓу 2.5 и 4 пати во однос на европскиот просек, без споредба со високоразвиените земји.

Останати вести