Мбапе потпиша нов договор со ПСЖ, Реал остана со парите в раце

ПСЖ и официјално објави дека потпиша нов договор со Килијан Мбапе со важност до 2025 година.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи вели дека е горд што успеал да го задржи Мбапе.

– Горд сум што можам да ја споделам оваа прекрасна вест. Килијан Мбапе потпиша до јуни 2025 година со ПСЖ, соопшти Ал Келаифи.

За само 24 часа откако јавно потврди дека потпишал нов тригодишен договор со ПСЖ, Мбапе остана без 700.000 следбеници на Инстаграм, а се очекува бројката на разочарани фанови на Реал Мадрид кои го „отследиле“ да дојде и до милион.

Профилот на францускиот репрезентативец на Инстаграм го следат 71 милион фанови.

Според новинарски извори од Шпанија, работата за доаѓање во Реал била до таму готова што Мбапе лани во декември дури добил аванс од 40 милиони евра од неговиот бонус за потпишување на договор.

Со одлуката да остане уште три години на „Паркот на принцевите“, Мбапе ќе стане еден од најдоброплатените спортисти на светот. Неофицијално француските медиуми шпекулираат дека Мбапе ќе има годишна плата од 100 милиони евра бруто, а само за потпис на договорот ќе добие бонус од неверојатни 300 милиони евра.

Останати вести