Со оглед на неиграњето на Надал, Федерер и Тим, рускиот тенисер Данил Медведев ќе ја има улогата на најголем ривал на Новак Ѓоковиќ на неговиот пат кон историјата, односно обезбедувањето на единствениот календарски слем со евентуален триумф на претстојниот Ју-Ес Опен.
Вториот светски рекет против Србинот би можел да ги одмери силите само во големото финале, бидејќи двајцата се носители на двата дела од костурот.
– Сите тенисери кои ќе настапат во Њујорк сонуваат да триумфираат на крајот, да излезат како победници во евентуалниот дуел со Ѓоковиќ и да го спречат да испише историја. Од големата тројка тука е само тој, што отвора шанса за помладите. Циципас му освои два сета во финалето на “Ролан Гарос“, а јас играв против него во Австралија. Знам дека ќе се обидеме да го урнеме од тронот, но дали ќе успееме, тоа допрва треба да се види, изјави Медведев.
Русинот игра во добра форма во последно време, но останува да се види дали тоа ќе биде доволно да се спречи Ѓоковиќ да влезе во историјата.