Мелбурн куп 2023: Трка што ја запира нацијата

Најголемата трка на коњи на јужната хемисфера се одржува овој вторник во Викторија. Познатa како трката што ја запира нацијата, Мелбурн купот е најпрестижната титула од сите австралиски коњски трки. Над сто илјади посетители се очекува да присуствуваат на настанот на тркачката патека во Flemington, на 7 ноември. По традиција главната трка е со почеток во 15 часот.
За Мелбурн купот ќе се тркаат 24 локални и меѓународни коњи со надеж да ја освојат најбогатата награда во австралискиот спорт – пехар од 18-каратно злато за победникот и награда од $8,000,000 долари.
Трката е долга 3,200 метри и на неа учествуваат коњи од три години нагоре. Мелбурншкиот куп има 163 години долга традиција, а првата трка се одржала во далечната 1861 година.
Покрај коњските трки хиподромот е познат и по својот гламур, жените се облекуваат елегантно и настанот сјае од убавина и луксуз. Се бира најубата шапка и наубавата облечена жена, и преку целата седмица во Флемингтон ќе има настани и трки и убава можност да се почувствуваат сите убавини на прекрасниот Мелбурн.
Годинава се најавуваат дека популарни бои се розова, портокалова, жолта, сина и зелена боја како главен хит во облеката на жените.

Мелбурн Куп е трката позната која ја запира нацијата, но најмногу од присутните се заради модата

Останати вести