Македонката Мери Акиевска, членка на “Магнус фитнес центарот“ од Скопје, се закити со две златни одликувања на Балканското Велнес првенство кое минатиот викенд се одржа во Књежевац, Србија.
Акиевскa, продолжувајќи ги извонредните успеси од претходните свои настапи, сега освои два златни медала за Македонија, во конкуренција на Велнес jуниори и Велнес sениори.
Акиевска, исто така, се здоби и со про-карта од ИФББ.
„Голема блгодарност до мојот тренер Бобан Ѓороски, за поддршката, за знаењето и за тоа што од мене пред се прво направи светска шампионка, а останатите титули не можеме да ги изброиме“, напиша шампионката Акиевска на својот профил на социјалните мрежи.
Катерина Попева се закити со прво место во категорија мастерс боди-фитнес, Драган Стојчевски освои злато во категорија Mастер физик, а Катерина Стојчевска е најдобра во категорија Mастер бикини.
Томче Николоски е победник во категоријата Bодибилдинг класик, а Божидар Пецак донесе злато во категоријата Kласик физик.