Портпаролот на француската влада Габриел Атал изјави дека францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен ја информирал својата британска колешка Прити Прател дека „повеќе не е добредојдена” на неделниот состанок во Франција за прашањето на илегалните мигранти. Откажувањето уследи по писмото од британскиот премиер Борис Џонсон до францускиот претседател Емануел Макрон, во кое се критикува Франција за нејзиното справување со илегалната миграција и трговијата со луѓе.
Во ескалацијата на политичката криза по смртта на 27 лица во Ла Манш Каналот, Жералд Дарманин рече дека Франција е разочарана од писмото.
– Со изнесувањето во јавност, работите станаа уште полоши. Јавното писмо на британскиот премиер го сметаме за неприфатливо и спротивно на нашите разговори меѓу партнерите. Како резултат на тоа, Прити Пател повеќе не е добредојдена, рече Дарманен.
Џонсон постави пет чекори во своето писмо до претседателот Емануел Макрон за да избегне повторување на трагедијата. Меѓу предложените мерки е и активирање на заеднички патроли за да се спречи поголем број бродови да го напуштат францускиот брег, како и примена на најнапредната технологија, како сензори и радари. Се предлагаат и заеднички поморски патроли во меѓусебните територијални води и воздушно набљудување, како и поголема соработка меѓу заедничките разузнавачки служби. Тој предложи и преговори за постигнување договор за враќање на бегалците меѓу Обединетото Кралство и ЕУ.