Македонската фудбалска репрезентација на 24 март во Палермо на Сицилија ќе се сретне со Италија, во плејоф за пласман на мундијалот во Катар.
Селекторот на македонската репрезентација го соопшти тимот со кој оди ќе оди на победа против актуелниот европски фудбалски првак.
Браќата Бабунски, Доријан и Давид за првпат се во А-селекцијата, ново име е и голманот Кристијан Наумовски, а повик доби Ваљон Етеми, Никола Серафимов, Јани Атанасов.
Повикан е и Елиф Елмас кој ќе биде дел од нашиот тим иако „дијамантот“ нема право на нaстап на првата средба со Италија, со победа, Македонија оди во финале за пласман во Катар, ќе го чека подобриот од дуелот Португалија-Турција.
