Милевски однапред се оправда за Украина: Ако одам по принципитекој игра, тој да добие повик – ќе немаме доволно играчи!

Македонија има пеколно тешка задача во групата Ц од квалификациите за ЕП, иако тргна со победа над единствениот аутсајдер Малта. Ја чекаат два големи предизвици за десетина денови со пресметките со Украина во Скопје на 16 јуни и Англија на гости на 19 јуни, но македонскиот селектор Благоја Милевски има многу проблеми. Не само што не смета на Бојан Миовски и Дарко Чурлинов, туку и поради фактот што дел од избраниците не се во најдобра натпреварувачка форма.

Висар Муслиу беше повеќе од еден месец повреден, па почна да игра, Никола Серафимов исто така беше повреден, Езџјан Алиоски игра-не игра, Енис Барди нема константна голема минутажа, па веќе цела сезона.

– Останавме без две опции за напад, ама не кукаме и ќе пробаме да извлечеме максимум со тие што ги имаме. Сите што ќе се способни и здрави, за мене тие се најдобрите во моментот. Се надевам дека сите повикани ќе се спремни за да се стават во функција на тимот. Да зборуваме за натпреварувачката форма е неблагодарно и таква форма да се бара од нив. Јас ги погазувам принципите кои ги воведов, дека ќе бидат повикани тие што играат и се во најдобра форма, но во моментов ако се водам по тоа – 70 отсто од играчите не би биле викнати. А ние немаме обемен ростер од фудбалери кои се на едно високо ниво. И затоа, што е тука е, не се жалиме, скоро две години само еднаш сме биле комплетни и тоа со Португалија. Јас само се надевам дека ќе бидат сите здрави и способни да се стават во функција на тимот, кажа Милевски.

Во актуелниот состав ќе има еден дебитант – Сефер Емини од дански Сондерјиске и сè останато се фудбалерите кои беа повикани и во март, на почетокот на овие евроквалификации.

– Емини со игрите и постојаните настапи заслужи да биде дел од А-тимот, сите други се истите од март. Во моментов сконцентрирани сме исклучиво на мечот со Украина. Сè друго е на страна. Јас знам дека сите што играле за Македонија од овие фудбалери, секогаш давале и повеќе од максимум и формата била во втор план, па затоа верувам дека и сега без оглед кој во каква натпреварувачка форма е – ќе даде и повеќе од што може. Украинците играат со 90% ист состав, освен неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место кај нив, играчите се тие, повиканите. Насочени сме кон нивните индивидуални квалитети, постои тој натпревар за анализа и насока. Немаме увид во тренажниот процес на ривалите и на нивниот замор. Кога играте со ваков тип на противници, каде што квалитетот е на највисоко ниво и како тим функционираат беспрекорно, мора да имат една цел. Мора да се оди на победа, особено бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери, додаде Милевски.

Фудбалерите кои веќе завршија со сезоната и веќе се дојдени во Скопје заочнаа со подготовките, а од неделава ќе им се приклучат и друг дел од играчите кои ќе завршат со сезоната, додека официјалниот собир е во хотел “Хилтон“ на 10 јуни. Единствени што ќе дојдат ден потоа се Дејан Илиев и Езџјан Алиоски, кои ќе дојдат ден потоа на 11 јуни.

Останати вести