Мицкоски: Ковачевски нека им каже “НЕ“ а јас ќе се откажам од предвремени избори оваа есен

Премиеерот Димитар Ковачевски бесуспешно се обиде да го разубеди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го прифати францускиот предлог за надминување на бугарското вето кон ЕУ. По средбата Мицкоски го сумираше нивниот разговор:

– Му предложив да го отфрли овој срамен предлог а јас сум спремен да се повлечам од барањето за предвремени избори. . Само треба да го одбие ова. Ова не е преговарачка рамка со која ние не обезбедуваме европска иднина туку се бугаризираме. Ние ќе ги ставиме сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ во служба на државата за да ја пребродиме оваа зима. Па напролет, здравје, ќе видиме на што сме, рече Мицкоски.

Како втоера варијанта што му ја предложил на премиерот Ковачевски е следното:

– Ако навистина овој пакет обезбедува европска иднина за Македонија, тогаш му предложив да се избришат членот 11 и членот 14 од Протоколот, а потоа и во Преговарачката рамка каде имаме принципи врз кои се водат преговорите да ги избришат членовите каде се годишните прегледи и делот каде се повикуваат на протоколот на првата меѓувладина конфенреција. Нека ги избришат тие дополнителни услови, а нека останат Копенхагеншките критериуми како за сите земји, рече Мицкоски и додаде дека на Ковачевски му нагласил оти овие два документи не се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со тврдењето на владата дека останал чист македонскиот јазик и дека фуснотата од бугарска страна не го загрозува јазикот и идентитетот, Мицкоски рече:

– Ова не е тоа, треба на сите граѓани да им е јасно. Споредбата со црногорскиот јазик не е исто. Македонскиот јазик е кодифициран во ЕУ. Јазикот никогаш не бил проблем. Македонски јазик со кирилично писмо стои во ЕУ, во личната карта на Обединетите нации, дециден е Мицкоски.

Тој нагласи дека останува на предлозите кои му ги дал денеска на Ковачевски:

– Дадов предлог и да направиме чекор назад да застанеме во одбрана на македонскиот идентитет. Ги повикувам сите и Македонците, и Албанците, Турците, Србите, Ромите. Нема потреба да предизвикуваме тензии. Тоа го прават само корумпираните политичари, рече Мицкоски.

Тој најави дека тие ќе продолжат со протести пред Владата.

Останати вести