Премиерот Христијан Мицкоски за првпат во последните осум-девет години (откако беше директор на ЕСМ) ја пријави имотната состојба во Државната комисија за спречување на корупција, како и начинот на кој е стекнат.
Мицкоски пријавил дека поседува куќа во Влае која ја купил за речиси 440 илјади евра во 2014, додека бил само професор на Машинскиот факултет во Скопје.
Пријавил и девизен депозит во евра, но не ја истакнал количината на странски девизи кои ги чува на штедна книшка.
Новиот премиер пријавил и дека има потрошувачки кредит во висина од 400.000 денари (околу 6 ипол илјади евра) кредит.
Она што највеќе изненадува е тоа што што Христијан Мицкоски пријавил дека поседува два швајцарски рачни часовника во вредност од преку 52.000 евра (А$83,000) – еден купен во 2015 година вреден околу 39 илјади евра и друг купен во 2016 година вреден околу 13.5 илјади евра.
Пријавил дека од 2016 година поседува и една уметничка слика која вреди над 10.000 евра.
Во анкетниот лист, премиерот не пријавил дека поседува моторно возило.
Апасиев веднаш му се фрли во врат: Од каде толку луксузи, бе брат?
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи го коментираше анкетниот лист на премиерот Христијан Мицкоски и забележува дека еден часовник на Мицкоски чини колку неговиот стан.
„Ете зошто Мицко го криел анкетниот лист како змија нозете… Еден рачен саат му вреди колку станот во кој живеам (65.000 евра).
Од кај толку пари за луксузи бе сине, брат… од професорската плата ли!?“ – вели Апасиев.